Британската пејачка со албанско потекло Дуо Липа во повеќе наврати го подржувала оделувањето на Косово од Србија.

Со тоа продолжила, а овој пат на својот инстаграм објавила фотографија на која пишува: “Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.

Ова го забележала и српската пејачка Јелена Карлеуша, која и одговорила на Дуа Липа.

– Драга Дуа Липа, ние те сакаме во Србија. Екстремизмот на било кој начин не е одговор (знаеш дека косовскиот лидер е во Хаг, се соочува со обвинение за воени злосторства и т.н.) Можеш да најдеш лоши луѓе на двете страни ) – навела Јелена и продолжила:

– Те молам, користиги твоите социјални платформи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово да бидеш со својот народ). Испраќам многу љубов на сите добри луѓе ширум светот – напишала ЈК и објавила што Дуа Липа поставила на својот Инстаграм.