Во саботата вечер се случи тежок вооружен напад во близина на кралскиот двор во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објавија светските медиуми.

Твитер е преплавен со видеоснимки кои покажуваат исклучителна ситуација на улиците на Ријад, а според првите информации се работи за дел од градот во кој се наоѓа кралската палата.

Погледнете видео:

[video:https://www.youtube.com/watch?v=EyuSws9XkUU autoplay:0]

Според првите информации, се верува дека инцидентот го предизвикал дрон. Наводно, леталото дојде премногу близу до резиденцијата, а припадниците на обезбедувањето отворија оган. 

Снимките кои се објавени во центарот на Ријад прикажуваат полиција и возила на итни служби со вклучени ротации додека се слушаат сирени.

Според непотврдени информации, кралот Салман е евакуиран во бункер.