Голгетерот на Челзи, Дидие Дрогба, за медиумите на Островот, изјави дека најновата аквизиција на Роман Абрамович, Андреј Шевченко, е доведен во клубот да биде негов партнер во тимот, а не негова замена во новата сезона.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, исто така додаде дека менаџерот Жозе Мурињо, не е голем фан на играта со двајца напаѓачи, но моментната ситуација во клубот налага на секоја средба “синитеè да имаат двоец пред противничкиот гол.
“Знам дека можам подобро да одиграм во новата сезона и знам дека во иднина ќе играме со двајца напаѓачи. Мурињо полека свати дека за да се освои Лигата на шампиони, мора во нападот да се има двајца голгетери. Шевченко е донесен за да игра до мене, а не место мене. Ако сакаме да бидеме ефикасни во натпреварите мора да изградиме посебен однос помеѓу нас. Мислам дека со Шева и тоа може да се постигне. Иако пристигна ова лето полека но сигурно ја разбирам неговата игра и сфаќам што сака да направи кога е на теренот. Тој мора брзо да го разбере стилот на игра во Англија, бидејќи доколку не се прилагоди на играта во брзо време ние ќе бидеме изложени на голем притисок од раководството, навивачите и медиумите на Островотè, изјави Дрогба.
Свое мислење за Шева и за неговата голгетерска криза имаше и португалскиот менаџер на тимот од “Стенфорд Бриџè, Жозе Мурињо кој на англиските новинари им изјави дека сите во клубот веруваат дека Украинецот е одлично засилување.
“Шева е тимски фудбалер. Не сум загрижен што не дава голови или што не е избран за играч на натпреварот. Сите сме среќни што игра во Челзи. Тој има големо искуство во Лигата на шампиони и е носител на многу награди и рекорди. Ќе стигнат головите од Шева, јас сум убеден во тоа. Ќе ни донесе многу важни бодови во Премиер лигата и во ЛШ. Задоволен сум од соработката помеѓу Дрогба и Шевченко. Тие подобро соработуваат за разлика од Лампард и Балак. Тие двајца ќе мораат повеќе да соработуваат ако сакаат нивниот тим да биде постојано во позитиваè, изјави Мурињо.