Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел многу се налути на водителката на словенечката ТВ-емисија “Одмеви”, Јања Корен, бидејќи му постави “невкусно” прашање: како ги коментира наводите во лондонскиот “Економист” кој го опишува дека е тврд и недостапен, а има 20-годишно искуство во дипломатијата.
Според неа, “Економист” смета дека тоа би можело да биде проблематично за Словенија, која во 2008 година како претседавач на ЕУ ќе мора да организира дури 4.000 дипломатски состаноци на сите нивоа. На Рупел му пукнал филмот и на новинаркат Корен и одговорил дека: “и за претседателот Дрновшек странскиот печат пишува дека е второкласен гуру, па никој не го прашува за тоа”.
Тој упорно тврдел дека таквите тези во странските медиуми се пласираат од Словенија и дека без оглед на подметнувањата, тие добро ќе си ја извршат својата претседавачка улога со ЕУ. За неговото наводно 20-годишно дипломатско искуство, Рупел и одговорил на новинарката Корен дека е тоа смешна работа, бидејќи тогаш тој бил писател и уредник на списанието “Нова равија”, а дипломатијата ја водел Белград, без Љубљана.