Откако помина седум дена во изолација заедно со семејството и родителите, наместо во самоизолација по контактот со новинарот на „Канал 5“ заболен од коронавирус, Зоран Заев, а кој вчера објави дека и вториот тест кој му бил направен е негативен, денеска, како што пишува Република.мк, ја искористил слободата за да се „истуши“ возејќи мотор низ истокот.

Но, иако со месеци нема никаква државна функција, Заев и другарите ги чува државно обезбедување. Снимката и фотографиите се направени кај беровското село Стојмирово.

Додека граѓаните живеат во неизвесност од здравствената и економска нестабилност донесени од несоодветните и задоцнети мерки на владата, а медицинските лица имаат недостиг од опрема, сите му ја плаќаме придружбата, раатот и задоволството на аболицираниот бизнисмен.

Извор: Република.мк