Државното земјиште ги брка инвеститорите
На петиот тендер за продажба на МХК “Злетово” во стечај, не пристигна ниту една понуда, но сепак, Одборот на доверители донесе одлука да се направи уште еден, најверојатно, последен обид за продажба на овој некогашен, голем, индустриски капацитет во Велес. Тендерот е под истите услови како и досегашните, со почетна цена од 7.600 евра и со рок за доставување на понудите до 1 март 2006 година. Според стечајниот управник, Тамбурковски и овојпат имало заинтересирани и тоа на “Митал груп” и на германскиот конзорциум се придружил и инвеститорот од “ФЕНИ”. Меѓутоа, сите тие во писмените обраќања објаснувале дека заради земјиштето кое е државно, а не сопственост на МХК “Злетово” не се подготвени да дадат понуда.
Во досегашните обиди за продажба единствено рускиот магнат Малиновски, сопственикот на “Саса” и на “Бучим” беше најконкретен во интересот за купување на Топилницата. Тој изрази подготвеност да исплати 5 милиони евра на доверителите и во наредните пет години во фабриката да инвестира 22 милиони денари, и да вработи 900 лица во Топилница и 260 во ХИВ – Велес. (Р.Т.)