Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, најави целосно, рачно пребројување на гласовите од претседателските избори на државата. Во моментов Џо Бајден води во Џорџија со повеќе од 14.000 гласови, пренесува РТ.

„Бидејќи разликата е толку мала, ќе биде потребно целосно рачно пребројување во секоја област“, ​​објави Рафенсбергер, републиканец, на прес-конференција во средата.

Тој додаде дека пребројувањето на гласовите ќе докаже со сигурност кој ги освоил 16-те електорски гласа кои ги носи оваа сојузна државата. Кампањата на Трамп во вторникот побара рачно пребројување на гласовите вп Џорџија.

Победата на Трамп во Џорџија не би била доволна за промена на резултатот од изборите, но со повеќе судски процеси во држави како Пенсилванија кои се уште се во тек, и држави како Северна Каролина и Алјаска кои се наклонети во негова корист, тоа би можело да биде доволно за да се појави сомнеж за статусот на Џо Бајден на избран претседател.

извор: Makfax