Одборот на доверители на ликвидираниот НИП “Нова Македонија” го одложи изборот на најповолна понуда за купување на Печатницата и административниот простор од околу 13.000 метри квадратни за в среда. Одло- жувањето е направено по барање на телото за структурни реформи при Министерството за економија, каде во понеделник треба да се разговара со трите заинтересирани фирми и да се слушнат нивните намери. “Иако на тендерот не се бараше купувачите да достават бизнис план, најверојатно ќе се бара од нив да се изјаснат зошто ја купуваат Печатницата, бидејќи станува збор за објект од капитално значење”, изјави стечајната управничка на НИП-от, Ангелина Гогуш евска. Според неа, телото за структурни реформи во вторник ќе треба да го каже своето мислење, а веќе в среда на одборот на доверители, на која ќе присуствуваат и понудувачите, ќе се знае дали Собранието на акционери во кое државата е најголемиот акционер ќе прифати некоја од понудите. Иако првично беше ка- жано дека изборот ќе го направи одборот на доверители, тоа нема да се слу- чи, бидејќи понудите се многу пониски од проценетата вредност на Печатницата (десет милиони евра). За купување на Печатницата и деловниот простор, охридски “Ремис” понуди 2,507 милиони евра, скопската “Веве-груп” – 2,231 милион евра, а “Дуна компјутери” само 1,426 милиони евра. Доколку продажбата на Печатницата успее, (предходниот тендер беше прогласен за неуспешен поради многу ниско понудените суми), околу 1.400 поранешни вработени во НИП-от ќе можат да добијат по 10 отсто од секое поединечно побарување и тоа, во најдобра варијанта, може да се случи околу Нова година. Од поранеш ниот НИП, покрај пе- чатницата, за продажба остануваат големата и малата административна зграда. Малата четирикатна зграда ќе се продава на јавно наддавање што, веројатно, ќе се одржи на крајот на месецот, додека г о л е м а т а зграда ќе биде ставена на прод а ж б а следниот месец.