x

Дресот со кој Марадона го даде голот со рака против Англија, се продава за 2 милиони евра

maradona-god-hand

Дресот на Диего Армандо Марадона, на натпреварот со Англија, со кој го постигна голот со рака, на СП 1986 година, со кој Аргентина ја освои титулата, ќе се продава на аукција.

Неговата цена би можела да достигне два милиони евра, па можеби и повеќе, тврди еден американски стручњак.

Дресот е во сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ кој го добил од Марадона по завршувањето на натпреварот.

„Одев по тунелот, а Марадона одеше од спротивен правец. Тој почна да го соблекува неговиот, а јас мојот, па ги сменивме“, рече Хоџ.

Дресот е изложен во англискиот фудбалски музеј во Манчестер.

„Знам дека е тешко да се одреди неговата вредност, но знам дека сопственикот бара два милиони евра. Тоа би можело да биде изводливо, затоа што вредностите во фудбалот пораснаа“, рече американскиот стручњак Дејвид Амерман.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата