Соединетите Американски Држави бележат драстичен скок на заболени случаи од коронавирус. Вчера регистрирани беа 2.411 случаи, а денеска вкупниот број на заболени досега е 46.447.

По ваквиот биланс, САД ја поминаа Шпанија по бројот на регистрирани случаи и се трета земја во светот по број на заболени лица од коронавирус.

Во САД регистриран е случај на заболено 12 годипно девојче кое поради тешката состојба е на респиратор. Нејзиниот роднина Џастин Ентони за Си-Ен-Ен изјавил дека на Ејми на 15 март и била дијагностицирана пневмонија, а резултатите во петокот потврдиле дека таа е позитивна на Ковид-19.

Во светот моменталниот број на заболени е над 380.000.

Кина е натаму е прва земја по број на регистрирани случаи, но Италија пред неколку дена ја помина оваа држава во црниот биланс, односно по бројот на смртни случаи.