Саше Политико го нападнал водителот на емисијата Јади Бурек, Јанко Илковски пред неговото работно место. Според информациите кои ги пласираа домашните портали, Политико со прашања навредливи за неговото семејство го нападнал Илковски, по што новинарот извадил спреј од џебот, а Саше Политико почнал да бега.

Инцидентот не завршил тука, туку двајцата почнале да се бркаат околу стадионот и низ паркот дваесетина минути. За овој немил настан Јанко Илковски се огласи и на Фејсбук.

 Инаку, Саше Политико веќе е добро познат на македонската јавност по своето контроверзно однесување и т.н. “булдожер” новинарство, а досега на повеќе јавни настани има предизвикано инциденти. Пред околу еден месец беше исфрлен од Собранието, влета ви живо во вестите на Канал 5, а на својот портал редовно упатува пцовки и клетви до јавни функционери.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ngasPOy1QdI]