Незадоволни дека нивната сакана не успеала да го положи испитот на Музичкиот факултет во Скопје, таткото и момчето на студентката решиле да се пресметаат со професорот.

Инцидентот се случил вчера утрината на факултетот за време на одржување на испит кај професорот Т.М.(63) од Скопје.

Во канцеларијата влегле А.И.(55) и А.Р.(27) незадоволни од тоа дека ќерката на А.И. паднала на испит, при што физички го нападнале професорот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, при што му ја искинале кошулата.

Таткото протоа искршил дел од инвентарот во канцеларијата, му се заканил на професорот по животот и му го дал индексот на неговата ќерка за да и стави оценка под присилба.

Професорот почнал гласно да бара помош, по што лицата побегнале.