Првото појавување на доскорешниот косовски претседател Хашим Тачи пред судот во Хаг, каде ќе одговара за воени злостoрства, вклучувајќи и десетина убиства помина во кавгаџиска атмосфера.

Прво, Тачи се изјасни дека не е виновен за ѕверствата кои му се ставаат на товар, што и беше очекувано, а во еден момент неговиот адвокат, Британецот Џефри Хопер се најде во главна улога кога го потегна прашањето за косовското обележје.

Имено, додека Тачи седеше на обвинителната клупа и се изјаснуваше по точките од обвинението за злосторствата како што се мачење, злосторства против човештвото, прогони и убиства, неговиот адвокат имаше една, навидум банална забелешка.

– Зошто нема црн орел во судницата? – запраша адвокатот на Тачи, Хoпер, алудирајќи дека е ова таканаречен косовски суд, па треба тука да има соодветни обележја во судницата како што е црвено знаме со орел, кое патем не е косовско туку албанско државно обележје.