Утринава, околу 03,45 часот, на ул..Рилски Конгресс во Скопје, три маскирани вооружени лица насилно преку балконската врата влегле во куќата и физички ги нападнале педесет годишниот А.Т. и неговата сопруга четириесет и шест годишната Н.Т.
Притоа, А.Т. го удриле по главата и со кундак од пиштол.

Потоа ги заклучиле во тоалетот, извршиле пребарување при што одзеле пари и накит, чија вредност дополнително ќе биде утврдена.

Се преземаат мерки за отркивање на сторителите и за расчистување на случајот.