x

Драмата во Битола без победник

e

Во Супер-лигата се одигра уште еден интересен натпревар. А за драмите во последниот период задолжен е вториот тим на Е.Пелистер, по триумфот над Металург, битолчани одиграа уште еден одличен меч на домашен терен.

Проблем со избраниците на Александар Јовиќ имаа и ракометарите на Бутел Скопје, кој си одат со бод. И двата тима имаа шанса за победа во самиот финиш, но не се снајдоа најдобро, на крајот ремито од 23-23 беше најреален исход.

Битолчани тргнаа со водство од 3-1, на другата страна скопјани имаа позитива од еден гола, на одморот Е.Пелистер 2 замина со минимални 13-12. Бутел Скопје успеа да фати ритам, пред крајот одржуваше водство од два гола, но по последните 20-22, битолчани израмнија за неивесен финиш.

Кузмановски, Талески и Дрогришки беше ударното трио на домашниот тим, заедно постигнаа 13 гола, на другата страна Мајиќ имаше седум гола.

На втората домашна средба, Прилеп беше совладан од Тиквеш со 30-36 во меч без резултаско значење.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата