Драган Павловиќ од српската општина Гружа во Шумадија рачно изработил олдтајмер и во Монте Карло го продал за 230 илјади евра. Сега има нарачки за уште две возила. Изработката на овој автомобил траела 8 години. Автомобилот се вика Фабер”, што на латински значи ковач, а во чест на неговиот дедо, занаетчија со кралска диплома, кој всушност дошол на идеја за изработка на автомобилот. Но, она што не го направиле дедото и таткото, го наследил внукот. Драган самиот го направил олдтајмерот и изненадувачки ги задоволил вкусовите на богатите купувачи од Монте Карло.

Изработен е од полиестер и прохром, командната табла е изработена од дрво, седиштата се преслечени со кожа, а покривот е подвижен. Во српскиот Фабер вграден е мотор од Мерцедес, а гумите се на Мишелин. Достигнува брзина до 230 километри на час.