Една од најмилените српски водителки, Драгана Китиќ, животот не ја мазел, но таа пред  сите предизвици кои и се нашле на патот успеала да го задржи позитивниот дух и насмевката на лицето.

Ова лето повторно ја нашла среќата во љубовта и впловила во врска со десет години помлад бизнисмен: Пред две години, водителката поминала низ еден многу тежок животен период, кога за кратко време и се случиле три трагедии. Ја изгубила мнгу добра и блиска пријателка, потоа родителите, и признала дека посетувала психијатар како полесно би ги надминала овие загуби.

“Мажите сакаат да дискутираат за жените многу повеќе одколку што тоа го прават жените. Кога се бираат жени водат сметка за тоа за што ја избираат. Жените на тоа се малку пофлексибилни, бидејќи имаат чуство дека можат мажите да ги променат, а тој не се занимава со промена на жената. Оваа жена е за ова, онаа за тоа. Додека жената избира маж и си вели себе, ок. тоа можам да го променам.”, изјавила водителката од добро познатото шоу “Никогаш не е доцна”