“Бизнис Старт”, “Бизнис 120”, “Бизнис 180” и “Бизнис 300” се новите пакети на компанијата “Космофон” со вклучени бесплатни минути разговор, а што се креирани да одговорат на различните потреби на бизнис корисниците. Сите пакети вклучуваат 60 минути бесплатно време за разговор во рамки на компанијата за секоја претплатничка линија, а во зависност од тарифниот модел и определено бесплатно време за разговор кон сите национални мрежи. Со ова секој бизнис корисник на “Космофон” со одредени месечни претплати добива можност за неограничени бесплатни разговори во рамките на компанијата, како и можност за 30 или 60 бесплатни СМС пораки. Од неодамна бизнис корисниците имаат единствена можност да ги користат придобивките на двете нови услуги на “Космофон” – електронска сметка која овозможува брз и едноставен пристап и увид во тековните и минатите месечни фактури и детални сметки на компанијата и групни СМС пораки со кои се овозможува испраќање повеќе СМС пораки одеднаш до сите вработени. (С. Бл.)