Државната изборна комисија информира дека во сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница гласањето се одвива без никакви проблеми.

Одзивот на глазачи за предвремените избори за Градоначалник на двете општини, до 11:00 часот е:
– Во Општина Штип, гласале 3561 гласачи, односно 8.52 % ,
– Општина Пласница, гласале 650 гласачи односно 13.12 %

Од ДИК додаваат дека во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

извор: Makfax