Родените во овие три знака секогаш мислат дека се во право, па затоа ретко кога признаваат дека направиле грешка или повредиле некого. Од нив не чекајте „извини“:

Бик

Родените во овој знак и онака се сметаат за најтврдоглави, па не е изненадување што се на врвот на оваа листа. Самото признавање дека погрешил му паѓа многу тешко на бикот, а кога ќе дојде време да се извини, едноставно не му е добро. Биковите се гледаат себеси како лидери и многу моќни индивидуи, па сметаат дека признавањето на сопствените грешки може да го намали нивниот авторитет.

Водолија

За водолијата извинувањето, исто така, укажува на слабост бидејќи тие веруваат дека емоциите секогаш се вклучени во истото. Затоа водолиите во овие моменти наоѓаат разни начини да го заобиколат извинувањето и да ги решат работите на студен и безличен начин.

Скорпија

Претставниците на овој знак сметаат дека извинувањето ја открива нивната ранливост, што се обидуваат да ја сокријат со сета сила. Кога некој ќе им посочи дека не се во право, скорпиите ќе го земат тоа лично и најверојатно ќе се налутат, мислејќи дека личноста крои теории на заговор против нив, ако тоа не е така.