Веќе неколку сезони слушате за тоа дека не се во мода повеќе стилови на избор, како и мешањето на различни стилови во еден модел, односно имиџ. Така сте изложени на ризик од грешки. Мешањето на бои, ткаенини и стилови е ризична работа од која излегуваме со невкусни комбинации. Модни грешки одразуваат и многуте наши продавници кои се пренатрупани со невкусни шарени крпи и чевли.
Бои:
Бидете храбри во комбинирањето на тоновите! Сетете се дека чевлите и торбичката, исто така, не мораат да бидат во иста боја. Важно е при мешањето на бои секогаш да облекувате едно парче од гардеробата што ќе биде смирувачко. Ако не сакате да експериментирате, одбирајте различни нијанси на иста боја! Крем или сива.
Ткаенини:
Ако комбинирате повеќе од два различни материјали, тие не смеат да бидат со светла боја.
Кроеви:
Ако одговара на вашата фигура, комбинирајте широки модели: долга лелеава маичка што се шири на колковите, со рамни и кратки панталони. Или широко здолниште со тесна јакна!
Стил:
Романтично здолниште со кожна јакна со рокерски стил Моторџиска јакна и проѕирна блуза на преклопување
Модни додатоци:
Миуциа Прада реши обетките да ги заживее со различни светли бои. Чевлите и се шарени како бонбони, со многу украси и приврзоци. Правило: Ако имате премногу шарени додадоци чевли, брошеви, нараквици, ремени, тогаш толку поедноставна треба да ви биде облеката!