До Собранието стигнале пет барања за одземање на имунитетот на пратеникот, Никола Груевски кој избега во Унгарија, откако беше осуден на двегодишна затворска казна.

Неофицијално на утрешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања не се отфрла можноста да дојде и до дополнување на дневниот ред со нови барања за одземање на имунитетот на Груевски.

Предлогот ако помине на комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието и тој треба да го стави на дневен ред на следната седница. За одземање имунитет на пратеник се потребни 61 пратеник да гласаат ‘за’.

Претходно, пратениците се обидоа да го одзмат мандатот на пратеникот и експремиер Никола Груевски, но не успеаа да обезбедат двотретинско мнозинство.

извор: Makfax