Португалска компанија ќе гради тунел под реката Дунав кој сообраќајно ќе ги врзе Силистра со Романија. Подземниот зафат ќе чини 50 милиони лева, за него е веќе изготвен проект, а ќе се финансира од приватен капитал.

Веста за тунелот ја изненади бугарската јавност, бидејќи на истото место се најавуваше изградба на висечки мост. Кметот на градот Силистра ваквата промена на намерата да се совлада Дунав ја образложил со тоа што се покажало дека за премостувањето било потребно повеќе време со што инвестицијата станува неисплатлива.