– Интересот на големите европски компании, кои дури и не работат во Србија, за берзата во Белрад е голем и таа е препознаена како нукелус на идниот регионален спот пазар на електрична енергија, вели тој.

Младеновиќ информира дека подготовките се во полн ек, техничките тестирања се завршени и се оди според планот, а почнал и приемот на учесниците за тргување на берзата. Се чека само усвојување на новиот Закон за ДДВ кој ќе овозможи на берзата да учествуваат и странци.

Предноста на берзата е тоа што дава референтна, транспарентна цена на струјата со што им се дава јасен сигнал на инвеститиорите на која цена на струјата можат да сметаат во Србија. 

Граѓаните нема да можат да учествуваат на берзата, но ќе добијат подобра и поконкурентна цена.