Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на косовскиот премиер Иса Мистафа, заедно со својот коалициски партнер Демократската партија на Косово (ПДК), до крајот на неделава ќе извршат неколку измени во владинот кабинет, пишува приштинскиот весник „Епока е Ре”.

Измени во косовската Влада се неопходни откако шефот на допломатијата Хашим Тачи беше избран за претседател.

Се очекува неколку членови на ПДК до крајот на оваа недела да бидат именувани за министри. Енвер Хоџиќ ќе го замени Тачи на местото министер за надворешни работи, а Хајредин Кучи ќе си замине од Министерството за правда и ќе ја преземе функцијата вицепремиер, пишува весникот.