Денеска или утре ќе бидат познати имињата на замениците-министри во новата Влада. Ова на прес-конференција го изјави вчера првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.

Груби најави дека ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.

„ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда“, изјави Груби.

Тој кажа дека позициите на директори не се одредени, но направени се некои замени на секторите со СДСМ.

„Станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.

извор: Makfax