Обидот за спас на 34-годишниот Митко А. од дојранското село Николиќ, кој се затрул со непозната материја, бил неуспешен. Иако од страна на семејството бил однесен во болница, лекарите можеле само да ја утврдат неговата смрт.

Митко А. бил пронајден без знаци на живот, а наводно бил хроничен алкохоличар кој посегнал по својот живот со непозната материја. Од полицијата информираат дека неговото тело е предадено на обдукција, а по извршениот увид и обдукциските резултати ќе биде познато со што се отрул.