-Разликата меѓу мене и него е тоа што тој мора да се бор. Да сум на негово место би застанал во рингот против Флојд Мејведер да ме намлати и да заработам некоја пара додека се уште сум во врвот на УФЦ, рече самоуверено Мејведер и додаде:

-Ми зборува дека сум пи*ка, дека сум кукавица и дека му се плашам. Така зборуваа и претходните 49 мои противници и сите беа нокаутирани. Ако сака да се бори ќе го договориме мечот.

Сепак, поголемиот процент од парите од наводната борба, Мејведер би го сакал за себе.

-Не можеш да бараш повеќе пари отколку што вредиш. Ќе му дадам десет милиони долари, ако вреди пет. Нека го отвори магазинот Форбс и нека види колку вреди, заври Флојд.