Интересно е тоа што Естонката на главниот турнир во “вечниот град” стигна преку квалификации, а ова и е втора победа на некоја од тенисерките во Топ 10. Претходно во Штутгарт ја победи Шпанака Гарбине Мугуруза, актуелна шампионка на Ролан Гарос.

Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка се пласирше во осминафиналето на турнирот во Рим, откако го совлада французинот Бен Пер со 6:3, 1:6, 6:3. Следниот противник на Вавринка е Џон Иснер, кој претходно го елиминираше Флоријан Мајер со 7:6, 7:6.

Американскиот тенисер Сем Квери беше подобар од Жан Ленард Струф со 6:4, 6:3и во осминафиналето ќе ги одмери силите со Австриецот Доминик Тим. Австрискиот тенисер во два сета славеше над Уругваецот Пабло Куевас со 7:6, 6:4.