x

Дојде на местото на Хамилтон и веднаш најбрз во болидот на Мерцедес

rasel-e1607103410746

Британскиот 22-годишен возач Џорџ Расел, кој го менува Луис Хамилтон  во Мерцедес на Големата награда Сакира во Бахреин, остврати најбрзо време на првиот слободен тренинг што се одржа денеска.

Расел се натпреваруваше како возач на Вилијамс, но за оваа трка е позајмен на Мерцедес затоа што актуелниот шампион Хамилтон е позитивен на коронавирусот КОВИД-19.

На кратката патека од онаа на која се возеше минатата недела за ГН на Бахреин, Расел оствари најбрз круг  54 секунди и 546 илјадити делови од секундата, што е за 176 илјадитинки побрзо од најдобриот круг на Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул.

Трет беше Алекс Албон, другиот возач на Ред Бул.

Тимскиот колега на Расел на оваа трка, Финецот Валтери Ботас имаше четврто најдобро време.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата