x

Дојде во јануари, одигра 50 минути, собра убави пари и сега си заминува

Аргентинскиот фудбалер Николас Гаитан повторно е слободен фудбалер откако Лил одлучи да не го продолжи договорот со него. Инаку 32-годишниот фудбалер пристигна во Лил во јануари, но одигра само 50 минути, бидејќи коронавирусот го запре шампионатот. Клубовите се соочија со финансиски проблеми, а Лил мораше да го стегне ременот и да направи реконструкција, а нема да го продолжи договорот со Гаитан поради неговата високата плата од која не сака да се откаже.

Сега Аргентинецот, инаку екс-играч на Бенфика и Атлетико Мадрид ќе бара нов клуб, а бидејќи е слободен агент многу е полесно, се разбира ако реши да ги намали финансисите барања.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата