Дојавата за бомба во редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“ е лажна, соопштено е на интернет страницата на весникот.

Според зборовите на главниот уредник Јадран Капор, повикот за бомба бил примен околу 12 часот, кога непознат маж се јавил во редакцијата и рекол дека во објектот е поставена експлозивна направа, по што веднаш била контактирана полицијата. Тој се претставил дека е од  хрватските одбранбени сили и им рекол дека неодамнешниот пожар не бил случаен.

Откако полицијата утврдила дека дојавата била лажна, вработените се вратиле во редакцијата и нормализиран е сообраќајот во локалните улици.

извор: Makfax