“Имав некакво чувство, не можам да опишам, но на соиграч ите во националниот тим, и на еден мој верен другар, им реков дека ќе постигнам гол, пред натпреварот. И тоа се случи”, на овој начин, Александар Васоски, ја започна изјавата за “Вечер”, по неговиот блесок на стадионот “Јон Облеменко” во Крајова. Но, популарниот Тетовче, жали што неговиот погодок и одличната игра, не му донесоа триумф на македонскиот национален тим. По блесокот на средбата со Англија, и одличните настапи за Вардар во Лигата на шампионите лани, Васоски речиси исчезна од фудбалската сцена сезонава, пред да се случи Романија и тој повторно на голема врата да се врати на сцената. “Јас долго се подготвував за враќањето во репрезентацијата. Сега сум во врвна форма и можам да дадам уште повеќе. Моето место е во националниот тим”, смета дефанзивецот на Вардар. Според Александар Васоски, по средбата во Крајова, повторно поч- нале да се јавуваат странски и домашни менаџери, но тој им порач ува на сите дека е заситен од лажни ветувања: “Доста ми е од милиони и милијарди. Чекам вистинска, конкретна понуда, што ќе биде разумна и лесно остварлива”, дециден е Тетов- че, кој самиот посочува дека бил “изгорен” од лажните надежи за премин во големи клубови. Поради тоа, Васоски отсега ќе ги чува во тајност понудите и преговорите с&”238; до нивната реализација. “Искрено, не се каам за некои трансфери, што пропаднаа во последен момент. Јас имам потпишано преддоговор со Металург, па ако не најдам подобар ангажман, во меѓувреме, на зима заминувам за Запорожје, Украина. Тие ми дадоа капар од 10.000 американски долари, но ако се договорам со некој друг странски клуб, ќе треба да им вратам 20.000 долари”, дециден е Васоски, кој летово го продолжи договорот со “црвеноцрните” за уште една сезона, и тој му завршува во јуни 2005 година. За продолжувањето на верноста кон нашиот најтрофеен клуб, тој доби стан од 100.000 евра.