Во дербито на 25. коло Борусија Дортмунд го совлада истоимениот тим од Менхенгладбах и тоа на „Борусија парк“ со што го одржа сонот за шампионската титула во Бундес лигата. „Жолто-црните“ ја забележаа 11. победа над популарните „ждребиња“ (10 во првенството и една во купот), а вечерва славеа со 2:1.
Торган Азар погоди во 8. минута на асистенција на Халанд, но изедначи Ларс Штиндл на почетокот на второто полувреме. Сепак, триумфот на „милионерите“ го донесе Ашраф Хакими во 71 минута.