x

Дортмунд со нов “ЅВЕР“, малиот има само 15 години!

moukoko

Заборавете на Ерлинг Халанд, запомнете го името на Јусуфа Моукоко, новиот мега – талент, новиот ‘ЅВЕР“ од фудбалер на Борусија Дортмунд. Детето има само 15 години, роден е на 20 ноември 2004 година и веќе тренира со првиот тим на Дортмунд. Пофални зборови за Камерунецот кој има и германско државјаноство, има и самиот Халанд.

Не можам да верувам за каков талент станува збор кога го гледам на тренинзите, опасен напаѓач. Многу подобар од мене кога јас бев на негови години. Досега не сум видел играч кој има 15 години на тој начин да игра“ вели Норвежанецот.

Инаку клубот планира Моукоко да дебитира во Бундеслигата кога ќе наполни 16 години, значи уште во претстојната сезона. Интересно е тоа што малиот, кој е висок 179 см, со 13 години играл за младинската екипа на Дортмунд до 17 години, а со 14 години беше прекомандуван во У-19 тимот.

Па видете сега за какво фудбалско богатство станува збор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата