x

Дориев: Доаѓањето во Шкендија за мене е голем чекор во кариерата

Љупче Дориев денеска беше официјалзиран во тимот на Шкендија. Тој потпиша договор со тетовските „црвено-црни“, и се чини ќе биде најголемиот трансфер во мак-фудбалот во овој преоден рок.

Изрази задоволство од тоа што ќе биде дел од тетовскиот тим.

„Првпат во мојата кариера ќе играм надвор од Струмица. Доаѓањето во овој клуб е голем чекор за мене во кариерата. Дојдов во Шкендија да победувам, да освојувам трофеи и да придонесам за успех во Европа“, рече Дориев во својата прва изјава како играч на тетовскиот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата