Владата на 15-тата седница, одржана денеска, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), донесе уште еден, дополнителен заклучок со кој се забранува користење од секаков тип на пливачките базени на територијата на цела држава за период од 14 дена.