Во светскиот фудбал се случија “мал милион” суспензии на играчи, поради користење на допинг. Во Македонија, пак, не е откриен ниту еден пример за користење стимулативни средства. Но, тоа не значи дека и македонските фудбалери не користат стимуланси. Причината е што кај нас не се прави допинг- контрола. “Во македонското првенство ‘се крка’ и тоа на ангро”, одговара еден поранешен младински репрезентативец на Македонија, на прашањето дали и на- шите фудбалери земаат стимуланси. Кај нас најчесто се користеле лесните дроги: марихуана и таблети “екстази”, нашироко познатиот “ефедрин” и “селски дроги”, измислени од самите корисници. “Ефедринот го купуваат побогатите. Тој е многу скап и најефикасен, а се набавува во Турција. Обично се пијат по 3-4 таблети пред натпревар. Од ‘екстази’ добиваш супер-енергија и можеш да одиграш 2-3 средби без замор, а марихуаната ти дава храброст, бескомпромисност”, додава екс-репрезентативецот. Што се однесува до “селските дроги”, тука пред с&”238; се мисли на миксот од капки за нос и кока-кола, што фудбалерите поч- нале да ги пијат по препорака на припадници на елитните специјални единици од Армијата. “Најчесто се користат амино-киселини, протеини и креатин, кои, сепак, се дозволени супстанци. Има нешто и во оние шишенца што ни ги даваат на тренинг и на натпревар. На некои дури им се даваат и инјекции пред меч”, вели тој. Фудбалерот кој се одлучи да го каже сето ова за “Вечер” е с&”238; уште активен и настапува во македонското првенство. Според него, игра- чите не им кажуваат на клупските лекари за користењето на стимулансите. “Во еден прволигаш- ки клуб на времето се знаеше, а и сега се зборува дека на играчите им се дава допинг, токму од клупскиот лекар!”. Најкомпетентен да даде коментар за допингот кај мак-фудбалерите е клупскиот лекар на нашиот најтрофеен клуб Вардар, д-р Зоран Димовски. “Одговорно тврдам – во Македонија не постои организиран допинг”, категоричен е др Димовски. “Тоа е неетич ки, а верувам дека никој од моите колеги не го прави тоа. Вистинскиот допинг за наши услови е премногу скап и фудбалери, па и клубови, не можат да си го дозволат”, додава Димовски. Тој ја открива и “тајната” на освежителните пијалаци, што им се даваат на играчите во пластични шишиња на средбите: “Тоа е ‘шеќерна водич ка’. Растворени витамини (најчесто Ц), високо-енергетски ше- ќери и минерали. Тоа им дава енергија на играчите. Нив им е дозволен и енергетски пијалак (Ред-Бул, Гуарана и сл.), и витаминските коктели кои се внесуваат со инјекции. Не смее да се зема тестостерон, еритропеин, сите стероиди. Секако и разните анаболици и лесните дроги, бидејќи тие се први на анти-допинг листата”, потенцира докторот со 20-годишно искуство во спортот. “Јас гарантирам дека сите странски фудбалери се допингуваат, но со високо-квалитетни стимуланси и контролирани од лекар кој не дозволува да се откријат на контрола”, коментира низ насмевка. Д-р Зоран Димовски, како за крај, им порачува на корисниците на стимуланси, дека недозволените средства мо- жат да предизвикаат и смрт, посебно ефедринот, ако се зема во големи количини. А, кој ќе го послуша, ако се знае дека успехот и славата, за некого се поважни од с&”238;!