x

Дончиќ урна уште еден рекорд, но Далас ја загуби првата битка со Клиперс (ВИДЕО)

doncic-lenard

Плеј-офот уште на самиот старт понуди неколку интересни натпревари. Во центарот на вниманието беше дербито меѓу ЛА Клиперс и Далас, на крајот победата ја однесоа Клиперс кои славеа со 118-110. Тимот за кого настапува Лука Дончиж покажа дека ќе биде незгоден противник и дека нема лесно да се предаде, противникот ќе мора да испоти доколку сака да продолжи понатаму.

Кавај Ленард беше прво име во редовите на победничкиот тим со 29 поени и 12 скока, на својот дабл-дабл ефект додаде  6 асистенции и три украдени топки, Пол Џорџ застана на 27 поени.

На другата страна Лука Дончиќ беше неверојатен, постигна 42 поени, девет асистенции, седум скока и три украдени топки, но беше премалку за триумф. Словенецот оствари рекорд, тој е првиот играч во историјата на НБА-лигата кој во своето деби постигнал над 40 поени.

Далас отвори одлично, по првата четвртина воеде 38-34, но Клиперс до крајот на полувреме успеаја да ја смалат предноста и да го свртат мечот во своја корист 69-66.

Третата четвртина беше клучна за крајниот исход. Далас успеа да постигне само 13 поени, на другата страна Клиперси лесно поведоа со предност пет поени. И во последните 12. минути имаше интересна битка, но тимот од ЛА се покажа како посилен и поведе со 1-0 во плеј-офт.

На останатите средби Бостон ја совладаа Филаделфија за 1-0, со ист резултат Торонто беше подобар од Бруклин (134-110).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата