x

Дончиќ се врати со „дабл-дабл“ и му донесе победа на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати по повредата и со „дабл-дабл“ учинок (24 поени, 10 скока и осум асистенции) му донесе на Далас победа од 102:98 против Сан Антонио. Малку му недостасуваше на Словенецот за нов „трипл-дабл“ но и со 24 поени беше најефикасен на теренот, следен од Марк Дерозан со 21 поен.

Минесота славеше против Сакраменто 105:104 во драматична завршница во која дури по две продолженија им го нанесе петтиот пораз во низа.

Бруклин го загуби градското дерби со Њујорк 94:82 во Баркли центарот. Рендл со 33 поени беше најефикасен, додека Морис Маркус постигна 22 поени. Кај Бруклин Динвиди постигна 25 поени и осум скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Вашингтон  132:102

Бруклин – Њујорк          82:94

Далас – Сан Антонио    102:98

Оклахома – Мемфис    97:110

Сакраменто – Минесота            104:105

Јута – Портланд              121:115

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата