x

Дончиќ и Далас им вратија на Клиперс, Бостон вторпат ја преслуша Филаделфија

doncic-so-clippers

Кошаркарите на Далас Маверикс ги надмудрија противниците од Лос Анџелес Клиперс и славеа со 127:114 во вториот меч од првиот круг на плеј-офото во Западната конференција. Со завидна тимска игра во вториот натпревар од првото коло на плеј-офот, Лука Дончиќ и неговите соиграчи им вратија на Клиперс за стартниот пораз и израмнија на 1:1 во серијата.

Повторно импресивна партија имаше Словенецот, кој средбата ја заврши со 28 поени, осум скока, седум асистенции, но поради проблемот со личните грешки го помина поголемиот дел од второто полувреме на клупа. Тој доби четврта лична грешка уште на стартот на третиот период, а веќе на почетокот на последниот имаше пет лични грешки. Далас одигра смирено, тимски и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го преземе водството.

Одлична партија имаа и Кристап Порзингис (23) и Тим Хардавеј (17). Кај поразените Каваи Леонард постигна 35 поени, со десет скока.

Синоќа Бостон ја обезбеди втората победа на Истокот, откако славеше над Филаделфија со 128:101, во меч во кој Татум блескаше повторно со 33 поени. Претходно Торонто дојде до втората победа во плеј-оф дуелите со Бруклин (104:99), додека Денвер одигра очаен меч со Јута и им дозволи на „џезерите“ да израмната на 1:1.

НБА ПЛЕЈ-ОФ:

Торонто – Бруклин 104:99 (2:0)

Денвер – Јута 105:124 (1:1)

Бостон – Филаделфија 128:101 (2:0)

ЛА Клиперс – Далас 114:127 (1:1)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата