x

Дончиќ го потврди договорот од 100 милиони долари (ФОТО)

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ потврди дека во иднина ќе носи опрема од марката  AIR JORDAN.

Ѕвездата на Далас, која во моментов е надвор од теренот поради повреда со фотографија на Инстаграм го потврди договорот вреден 100 милиони долари.

Летово AIR JORDAN потпиша договор и со Зион Вилијамсон од 75 милиони долари, па на овој начин брендот ги има двете најголеми млади НБА ѕвезди.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата