Од судот потврдија дека донеле одлука, но засега нема да ја соопштат во јавноста.

– Точно, одлука е донесена. Таа е во фаза на изготвување и ќе биде доставена до Основниот суд Скопје 1. Не можеме да соопштиме каква е одлуката додека не биде верифицирана, а тоа ќе се случи во законски предвидениот рок од 60 дена – изјавил Кадриу за БИРН.

Сепак Кадриу истакнал дека очекува одлуката да се знае за една недела поради големиот интерес за јавноста.