Натпреварот Парма – Спал кој требаше да почне во 12:30 часот, но пред излегувањето на теренот играчите се повлекоа во соблекувалните, ќе започне во 13:45 часот.
Донесена е одлука и останатите натпревари Милан – Џенова, Сампдорија – Верона, Удинезе – Фиорентина и Јувентус – Интер, остануваат во првозакажаниот термин. Сите ќе бидат одиграни пред празни трибини.
Министерот за спорт претходно апелираше да се прекине првенството, но денеска ќе бидат одиграни мечевите, а веќе утре ќе се носи одлука што ќе се прави.