ЈЗУ Универзитетската Клиниката за хематологија – Скопје доби финасиска помош во висина од 800.000 долари од Европската команда на армијата на Соединетите Американски Држави (САД), реализирана преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Овие средства се наменети за проширување на капацитетите за хоспитализација на пациенти со хематолошки болести во рамки на нашата Клиника.

По овој повод, утре амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, ќе ја посетат Клиниката за Хематологија – Скопје. Оваа посета ќе значи и официјално започнување на изведбените работи за проширување на клиничките капацитети.

„Со оваа инвестиција целосно се заокружува процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката за хематологија – Скопје, започнат во 2017 година, што заедно со воспоставените најсовремени методи за лечење и здравствена нега помагаат во етаблирањето на оваа Клиника како значаен центар за хематолошки болести во поширокиот Регион“, велат од клиниката.

 

извор: Makfax