Американскиот претседател Доналд Трамп соопштил дека неговиот помлад брат Роберт Трамп починал во сабота навечер, еден ден подоцна откако го посетил во болница во Њујорк.

“Со тешко срце се јавувам дека мојот брат Роберт спокојно замина вечерва. Ми беше не само брат, туку и најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но повторно ќе се сретнеме. Неговите спомени засекогаш ќе живеат во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир“, напишал Трамп во соопштението.

Причина за смрта не е позната.

Трамп во петокот за новинарите рекол дека неговиот брат “поминува низ тежок период“ поради непозната болест.

Роберт Трамп (72) посеувал градежна фирма. Бил најмлад од пете деца, две години помлад од Трамп. Најстариот брат од пете деца Фред Трамп починал 1981 година.