Сeмејството Трамп е побогато за нов член. Актуелниот американски претседател стана дедо по десетти пат, објави неговиот син Ерик.

Ерик и Лара Трамп станаа родители на девојчето Каролина Дороти Трамп.

Ова е нивно второ дете, тие веќе го имаат едногодишниот син Ерик Лук Трамп.

Девојчето е десетта внуче на 73-годишниот Доналд Трамп, татко на пет деца што ги има со три различни жени.

извор: Makfax