Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на неговата посета на Калифорнија, каде што беснеат пожарите, повторно ја отфрли важноста на климатските промени и му рече на еден службеник дека наскоро ќе стане посвежо.

Пожарите во Калифорнија, Орегон и Вашингтон уништија скоро два хектари земја и загинаа најмалку 36 лица.

Трамп одамна е познат по својот скептичен став кон прашањето за климатските промени, а тој смета дека недоволното одржување на шумските површини е причина за пожарот.

Претходно, Џо Бајден, демократскиот кандидат за претседател, го нарече Трамп „климатски пироман“.

Тој во Делавер рече дека престојот на Трамп во Белата куќа уште четири години ќе доведе до нови пожари во Америка.

За време на посетата на западниот брег на Америка, Трамп се состана со официјални лица од Калифорнија и припадници на службите вклучени во гаснењето на пожарот.

Одбивајќи го барањето на официјалниот претставник да не го игнорира она што го вели науката за климатските промени, Трамп рече:

„Ќе стане постудено, само гледајте … Всушност, мислам дека науката не знае за тоа“.

извор: Makfax