Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни, порача ДОМ.

Зелената партија бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
3. Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената.

извор: Makfax