Зелената партија ДОМ апелира до Министерството за финансии да ја преиспита измената на условот за користење на мерката субвенционирана минимална плата од 14.500 по вработен. Со предложените измени, на фирмите корисници на државна финансиска помош ќе им биде дозволено да отпуштат дел од вработените. Микро и малите фирми ќе можат да го намалат бројот на своите вработени до 15%, средните до 10%, додека големите компании до 5%.

ДОМ смета дека обврската за фирмите корисници на мерката, да го задржат истиот број вработени, треба да остане, за да се зачуваат работните места на вработените во приватниот сектор.

ДОМ го поздравува предлогот, искористените средства преку оваа мерка, да се трансформираат во неповратни средства. Оваа дополнителна финансиска поддршка ќе им помогне на компаниите поефикасно да се справат со последиците од корона кризата.


извор: Makfax